| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај Велес: Автомобил излета од патот, повредени пет лица

Вчера во 18.00 часот на регионалниот пат Извор-Велес, пред крстосницата за село Војница, патничко возило „Форд Галакси“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А (22) од село Г.Јаболчиште, излетало од коловозот и удрило во земјен брег од канал за атмосферски води.

Од МВР велат дека, со повреди се здобиле возачот и четири сопатници. Тие со две возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Велес, каде по извршениот лекарски преглед тешки телесни повреди биле констатирани кај лицето И.А. (47) од село Г.Јаболчиште, кој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Останатите се здобиле со телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top