| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ пред самитот: Прифатни центри најверојатно во Африка и на Балканот

Лидерите на Европската унија на самитот во Брисел в четврток ќе се фокусираат на миграцијата, безбедноста и одбраната, како и на економските и финансиските прашања.

Како што објавија на интернет страницата на Европскиот совет, лидерите се очекува да разговараат за внатрешната и надворешната димензија на миграциската политика, вклучувајќи ја и реформата на Заедничкиот европски систем за азил (ЦЕАС). Изнаоѓање европско решение за мигрантите е од клучно значење за политичкиот опстанок на германската канцеларката Ангела Меркел, јавуваат западни медиуми.

ЦЕАС поставува заеднички минимални стандарди за третман на баратели на азил, а реформата има за цел да се направи систем поефикасен и отпорен на миграциски притисок, елиминирање на факторите кои се предизвикувачи, како и да се бори против злоупотребата и обезбедување соодветна поддршка на најпогодените земји-членки.

Претходно, на самитот во неделата, идејата за проверка на барателите на азил во Европа – во Северна Африка и на Балканот – беше поддржана од неколку лидери на Европската унија.

Поддршката дојде по тензиите околу тоа како најдобро да се справат со новите пристигнувања кои се закана за поткопување на единственоста на Унијата.

-Поттикнати од договорот со Турција, кој го намали приливот на мигранти од 97 отсто во однос на 2015 година, 28-те земји-членки на ЕУ се подготвени да дадат зелено светло за плановите за изградба на центри за проверки во Алжир, Египет, Либија, Мароко, Нигерија и Туни – нагласуваат западни медиуми додавајќи дека се разгледуваат планови за формирање центри за прифаќање мигранти во Албанија.

Шефот на дипломатијата на Европската унија Федерика Могерини вчера ги повика земјите-членки да издвојат повеќе пари за фонд за Африка, со оглед на тоа дека Унијата работи за воспоставување центри за миграција надвор од Европа.

На самитот во неделата, францускиот претседател Емануел Mакрон рече дека „методите што ќе се усвојат” ќе вклучуваат заедничка работа на транзит држави и држави на потекло вон ЕУ. Тој ја спомена Либија, главно место за тргнување кон Европа, и други африкански држави и Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top