Српската туристичка агенција „САБ травел“, која пред неколку дена беше затворена, потпишала со граѓани 3.572 договори за патувања, кои требале да се реализираат до октомври оваа година, дознава „Политика“ од Министерството за трговија на Србија.
Од потпишаните договори, 2.249 ангажмани биле откажани.
– Прашање е на кој начин ќе бидат обесштетени, бидејќи полисата на оваа агенција, изнесува 300.000 евра, кои би требало да бидат распоредени на сите граѓани кои се измамени. Како една од неофицијалните можности се спомнува продажба на автобусите и другиот имот на таа агенција, што, и самиот сопственик предложи на состанокот во Министерството, пишува „Политика“.
Министерството за трговија уште во петокот ја затвори таа агенција и почна да ја контролира документацијата, а вчера беше поднесен предлог за одземање на лиценцата и барање за покренување прекршочна постапка.
Целата афера почна кога на ден пред тргнување на 450 патници на дестинација во Грција, стигна известување дека оваа агенција, наводно поради банкрот на поединечни сопственици на куќи во Грција и нови услови за плаќање, се приморани да го откажат тргнувањето на сите нивни автобуси, но и тие патници кои користат сопствен превоз.
Расим Лајиќ, министер за трговија, туризам и телекомуникации изјави за „Политика“ дека во овој момент се разгледуваат можностите за обештетување на патниците, бидејќи се работи за голем број отштетени, но и дека мора да се најде нов модел на работење на туристичките агенции во Србија. Како една од можностите тој ја наведе обврската на сопственик на агенција во иднина да гарантира и со личен имот, со цел да се избегнат вакави ситуации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст