| четврток, 6 декември 2018 |

Што е предавство, а што врвен изблик на патриотизам? Да се биде племе Македонци или цивилизирани Северномакедонци!

Можеш да живееш во земја која се вика Македонија, а да те идентификуваат со племе, луѓето да живеат крајно недостоинствено и да се проколнуваат меѓусебно. Можеш, од друга страна, да живееш во земја која се вика Северна Македонија, но да живееш во достоинствени услови и да се идентификуваш со луѓе кои се чесни, вредни и цивилизирани.

Која е разликата помеѓу предавник и патриот? Што е предавство, а што врвен изблик на патриотизам? Во големата врева по потпишувањето на Договорот со Грција, главно исполнета со пцости, етикетирања, па дури и клетви, овие прашања се поставија како клучна дилема, која се обидува да ја претстави ситуацијата во црно-белата перспектива на вечните крајности – доброто и лошото, пишува Ида Протугер Вељковиќ во колумна во „Фокус“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top