| четврток, 6 декември 2018 |

Најбруталните хулигани на Мундијалот се девојки: Навиваат за Русија, некои имаат по 12 години и се тепаат пожестоко од мажите (видео)

На машките навивачки групи веќе се навикнавме, а потоа се појавија млади Русинки кои по бруталноста зад себе ги оставија најпознатите хулигани во светот на спортот.

Тие навивачки на московските фудбалски клубови, а некои од нив имаат едвај 12 години, но се тепаат пожестоко од повеќето мажи кои ги знаете.

Моментално Светското првенство го користат за регрутирање на нови девојки членови, а условите им се сурови. Девојките кои сакаат да се приклучат поминуваат брутален тест на тепачка по кој само најдобрите стануваат дел од оваа сериозно организирана група.

Кога ќе станат дел од групата, мора да и се предадат стопроцентно. Нема изговори и нема изостанување, а кога е потребно да се тепаат мораат да бидат спремни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top