Можеби звучи грубо, но некои мажи се добар материјал за брак, а некои не се. За да опстане една брачна заедница, неопходно е да има верност, искреност, посветеност, подготвеност на компромиси… Некои мажи едноставно ги немаат овие квалитети. Прочитајте кои типови мажи не се за брак.
1. Мажот кој ви го скршил срцето
Тоа што тој може да се замисли со вас до крајот на животот, не значи дека му е жал поради тоа што ве повредил некогаш. Иако секој може да погреши, партнерот мора да биде способен да ја признае грешката. Извинувањето е многу важно за среќен брак, особено ако партнерот некогаш ви го скршил срцето.
2. Неверниот маж
Живеете во заблуда ако мислите дека мажот кој бил неверен во врската ќе се промени во бракот. Дури и да се случи тоа, никогаш нема да можете целосно да му верувате на таков маж. А каков е тој брак без доверба?
3. Егоист
Во љубовта и во бракот некогаш мора да се ставиме себеси на второ место. Мажите кои се премногу окупирани со себе не се способни да ги стават вашите потреби на прво место, поради што нема да бидат добри сопрузи.
4. Измамник
Мажот кој е подготвен да измами некого за да дојде до брза и лесна заработка, воопшто не е лојална личност. Без разлика дали тоа би ви го направил вам, не можете да планирате иднина со некого во чија чесност не сте сигурни.
5. Мрзлив маж
Тука не се мисли само на работата, туку во волјата да ви помогне околу домашните обврски и да преземе иницијатива. Ако не е во состојба да се ангажира за ситните задачи по дома, не е ни во состојба да биде глава на семејството.
6. Мажот кој не знае да се справи со проблемите
Мажот кој се исклучува и оддалечува штом се појави некаков проблем, нема да биде со вас кога ќе му бидете најпотребни. Не ви треба сопруг на кого нема да можете да сметате во секој момент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


