
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против лицето А.З. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „кражба во обид“ и „разбоjничка кражба“.
Пријавениот, во периодот од 18 до 21.06.2018 година, преку незаклучени врати влегол во три куќи. Во едната одзел златен накит и пари стекнувајќи се со противправна имотна корист од 300.000 денари. Во втората бил затекнат од сопственикот додека вршел пребарување, по што побегнал без да одземе ништо. Во третата куќа, исто така, бил затекнат од сопственичката како држи одземени пари, по што неколку пати ја турнал и успеал да побегне со дел од парите.
Од страна на Судија на претходна постапка на А.З. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


