| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од бизнис: Бутарис се всели во стан на Горан Крстев, бизнис – партнер на Зоран и Вице Заеви

По објавувањето на веста дека градоначалникот на Солун се сели во стан кој е во сопственост на македонски бизнисмен, многу близок партнер со премиерот Зоран Заев, новинарот на Тессњуз, Христос Николаидис, кој ја откри приказната, објави нови интересни и важни детали за врските меѓу македонскиот премиер и солунскиот градоначалник.

Според новинарот, Бутарис успеал да влезе во политичките кругови на Скопје претходно воспоставувајќи добри односи и сега ги претставува бизнис интересите на Заев. Сега тоа се гледа – Бутарис рентал луксузен апартман на улицата „Света Софија“ во мај годинава, откако се иселил од стариот стан кој бил во сопственот на Митрополијата, но бил премал за новото семејство. Новата партнерка на Бутарис во нивната врска ги носи и нејзините деца.

– Но, овој апартман не припаѓа кому било, туку на господин Горан Крстев бизнисмен од Струмица, град каде Заев беше градоначалник. Четири години Крстев работел во Солун и на Халкидики во градежен сектор како изведувач. Тој е косопственик на три фирми со семејството Заеви, пишува Тессњуз.

Според написот, Крстев поседува бугарски пасош со место на живеење во Петрич. Тој е косопственик на фирмата „Сара-Јавор енгинеринг ЛЛЦ Струмица“ заедно со братот на Заев, Вице Заев, со кого имаат уште една задничка фирма. Бутарис живее во апартман кој бизнисменот го купил од познат солунчанец. Всушност, како што се објаснува во истражувачката сторија, станува збор за два апартмани кои се споени.Според документите, солунскиот градоначалник за луксузот ќе плаќа 1.500 евра месечна кирија.

Во написот се подвлекуваат бизнис врските меѓу Бутарис и Заеви, као и прашањето зошто тие недвижнини што ги имаат Крастев и Заеви се продадени под пазарната вредност. Дали Бутарис си работел за личен интере?, прашува новинарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top