| четврток, 6 декември 2018 |

Алчниот татко на Меган Маркл повторно ја засрамил ќерка си!

Големото интервју што пред неколку дена го дал таткото на Меган Маркл за најгледаното ТВ шоу во Велика Британија „Good Morning Britain“ не предизвика негодување само затоа што го платил со големи пари, туку и затоа што зад тие 63 илјади фунти се крие нешто што за британската јавност е апсолутно непростливо!

Се чини дека новиот кралски пар, принцот Хари и Меган Маркл, не можат да се опуштат додека Томас Маркл продолжува да прави глупости со кои не само што ја посрамотува ќерка му, туку и го посрамотува и целото кралско семејство.

Во интервјуто што алчниот Томас го дал за емисијата открил дека ќерка му очајно сака да стане мајка, а потоа се свртел и кон принцот со тоа што открил тема која отсекогаш била забранета помеѓу членовите на кралското семејство.

Имено, Томас ноншалантно ги открил политичките ставови на принцот Хари. Така открил дека самиот принц му кажа дека сѐ уште ја поддржува политиката на Доналд Трамп, односно дека „ќе му даде уште една шанса“, а уште поголем скандал направил со тоа што ги открил ставовите на Хари за Брегзит.

„Разговаравме и за Брегзит и Хари е многу отворен во врска со тоа“, открил Томас Маркл и покрај тоа што ова проблематично прашање за сите Британци е нешто што никогаш не смеело ниту требало да биде тема на кралските разговори.

Како тоа да не било доволно, своето гостување го зацементирал со зборовите кои можеби требало да звучат добронамерно, но јавноста не ги сфатила така.

Тема на разговор секако биле и младиот пар, а кога водителот го споменал фактот дека Томас, како татко, би требало да биде повеќе од среќен што ќерка му се омажила за вистински принц, гордиот татко повторно „треснал“:

„За мене ќерка ми е принцеза од раѓање и како таква, таа е совршена награда за еден принц!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top