| четврток, 6 декември 2018 |

Планирате одмор оваа недела – имаме лоши вести за вас!

Кој и да го испланирал својот одмор за последната недела од јуни, би требало да подготви потопла гардероба, бидејќи температурите за најпосетуваните одмаралишта во регионот не се оптимистички.

Црна Гора

Веќе од утре е најавена смена на сонце и облаци, за да во вечерните часови почне бура која може да се задржи неколку денови.

-За вторник и среда најавено е свежо време со температури пониски од просекот за ова време од годината, па тие ќе се движат околу 20 степени денеска – тврдат метеореолозите, кои додаваат дека температурите ќе се движат од 16 до 21 степен.

До среда се најавени и врнежи, а од четврток следи разведрување кое ќе потрае и за викенд, но температурите нема да бидат во значаен пораст и нема да бидат повисоки од 30 степени.

Грција

Грција е под силно влијание на циклон, под поле на низок воздушен притисок кој носи дожд и бура.

Во поголемиот дел од Грција ќе биде облачно оваа недела со повремени силни врнежи, посебно во вторник и среда. Најобилни врнежи ќе има во Олимпискиот регион и областа на Солун и Халкидики, па на сите им се советува внимание поради можни поплави. Со овој циклон ќе биде зафатен северот на Грција и максималните температури ќе бидат околу 20 степени додека на југ температурите ќе се качат до 28 степени.

Од четврток следи стабилизација на времето, но тепемературите нема да бидат повисоки од 28 степени.

Македонија

Патниците кои преку Македонија одат во Грција мораат во следните денови да бидат внимателни, бидејќи и во земјава се најавуваат обилни врнежи.

Посебно внимание се советува на оние кои одат по автопатот до Грција, бидејќи по цел пат ќе ги следи дожд и мокри коловози.

Хрватска

Врнежите и ладното време во Хрватска се најавуваат веќе од утре кога облачноста ќе се зголеми над Истра и Северен Јадран, додека во другите делови ќе се задржи суво, но не и посебно топло време.

Максималните дневни температури ќе бидат од 24 до 27 степени денеска, утре и во среда. Се очекува и силна бура на северен Јадран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top