| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент пред тетовска кафеана: Полицајци физички нападнати додека се обидувале да спречат тепачка

Ноќеска околу 02.45 часот во Тетово на крстосницата од ул. „Иво Рибар Лола“ со ул. „Страшо Пинџур“, поточно пред угостителски објект, полициски службеници од СВР-Тетово забележале две непознати лица кои го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.

При преземањето мерки со цел спречување на нарушувањето, едно од лицата го нападнало полицискиот службеник. Лицето било приведено во СВР-Тетово, каде бил утврден идентитетот, односно дека се работи за М.Н. (29) од Тетово и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Известен е јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top