Ахмед Муса е херој на Нигерија, а богами и на Аргентина, откако постигна два гола за победа над Исланд. Со нив и Нигеријците и Аргентинците одржаа шанси за понатаму, меѓутоа сега играат едни против други, а Муса има порака за Лионел Меси.
Многумина се шегуваа дека се вика Ахмед Меси, со оглед дека вистинскиот Меси, не игра ни блиску како што се очекува од него. Меѓутоа, нигерискиов „Меси“ нема респект за ѕвездата на Барселона и на интересен начин го најави соочувањето со Аргентина.
Муса му порача на Меси дека планира да даде гол и против нив, во вторник, од едноставна причина. Кога досега играл против него – секогаш погодувал.
„Секогаш кога Лионел Меси игра против мене постигнувам гол. Пред четири години, во Бразил, постигнав два гола против Аргентина. Кога бев во Лестер игравме со Барселона во ЛШ. Меси исто така беше таму. Повторно постигнав два гола, така што во натпреваров кој доаѓа може сешто да се случи. Веројатно повторно ќе постигнам два гола“, изјави Муса.
И навистина, Аргентина ја победи Нигерија со 3-2 во Порто Алегре, на СП 2014, а Барселона го доби Лестер со 4-2 и во двата случаја головите беа на Муса. Тој оттогаш отиде во ЦСКА Москва на позајмица, но од следната сезона се враќа во Лестер.
„Многу сум добар во уривање рекорди, а сега сум среќен и што сум најдобар нигериски стрелец на Светските првенства. Не е лесно и затоа мора да му се заблагодарам на тренерот за поддршката. За последниот натпревар, свесни сме колку е важен, затоа размислуваме на победа и на ништо друго“, вели Нигериецот.
Извор: Спорт1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст