Животот си носи своја убавина и свои проблеми во секој период од животот.
Денес прочитајте ги овие кратки, но мудри совети за сите жени над 35 години:
Без оглед на тоа колку била добра и фантастична забавата, направи се за да се разбудиш во твојата спална соба.
Помеѓу парче торта и кекс, секогаш изберете чаша вода.
Ако е полноќ, а вие мора да ја измиете косата, да се депилирате и слично – секогаш избирајте го сонот. Затоа што може да облечете фармерки и да ја фатите косата во репче. Но, ништо и никој не може да го замаскира уморното лице и лошото расположение. Секогаш бирајте сон.
Патувајте! Користете ја секоја прилика за тоа. Новите сознавања се добар начин за стекнувања искуства.
Пред да почнете да ја проценувате ситуацијата, секогаш морате прво да се запрашате: „Дали е ова моја работа?“ Потоа затворете уста и продолжете по својот пат.
Од кавгите не се раѓа вистината, само мигрена. Ќе заштедите и пари и нерви ако во вистинско време кажете: „Да, да, така е…“
Неколку денови во самотија делуваат подобро отколку посета на скап спа-салон.
Ниту еден маж не вреди за да се пати по него во неудобни чевли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст