| четврток, 6 декември 2018 |

Вагите сакаат турбо-фолк, Девиците-класика – на каква музика „откачувате“ според хороскопскиот знак?

Астрологијата сепак игра огромна улога во вашиот омилен жанр на музика. Можеби уживате во повеќе различни музички правци и тоа секако е одлично, но еден од нив се истакнува пред останатите, ве допира директно во срцето и искрено „откачувате“ на таквиот тип песни.

Каква музика обожавате според хороскопскиот знак?

ОВЕН – Рок музика

Генерално сакате заразни и певливи рефрени, но најмногу се пронаоѓате себеси во рок музиката.

Прилично сте пребирливи околу рок песните, сакате музиката да е добра, но потребно ви е и текстот да има некое длабоко значење. Не можете да поднесете популарни песни каде што постојано се повторуваат некои бесмислени зборови одново и одново.

Бидејќи сте прилично активни, воедно потребна ви е музика која ќе ви го крене адреналинот. Рок музиката е секако, одличен избор. Исто како и неа, и вие сте искрени и по малку луди.

БИК – Класични мелодии од различни жанрови

Како и за сè друго во животот, така и во музиката изборот ви се сведува на класика. Кога вашиот ден ќе стане премногу напорен и чувствува стрес, добрата класична музика е нешто што ви помага да се опуштите.

Секако, не се ограничувате строго на класична музика. Тука се подразбира и класичен рок, поп или хип-хоп.

Ги преферирате класиците бидејќи ве потсетуваат на некои подобри времиња. Понекогаш силно евоцирате спомени од минатото и се потсетувате колку беше музиката подобра, кога се работеше само за неа, наместо за пари.

БЛИЗНАЦИ – Електронска музика

Вие го обожавате скоро секој тип на музика, но секако најомилена ви е онаа на којашто може да се танцува.

Имате премногу енергија која треба да ја потрошите некаде, па електронската „денс“ и техномузика претставуваат одличен избор за вашиот нескротлив темперамент.

Иако ваквите типови музика најчесто немаат текст, вие добро умеете да ги разликувате и да ги убедите пријателите дека „не сите вакви песни наликуваат една на друга“, односно дека „се исти“.

РАК – Блуз и R’n’B музика

Емотивни, сентиментални и нежни, па не е никакво изненадување што најдобро може да се поврзете со музика која има многу проткаени емоции во себе.

Таков е случајот со блузот и R’n’B музиката. Тие како да ѝ „зборуваат“ на вашата душа и чувствувате како ви се ежи секое влакненце на кожата кога ќе слушнете некоја ваква добра мелодија.

Слично како и на Овенот, битна ви е музиката, односно акордите, но и текстот. Сакате песни со „приказна“, оние на кои целосно се навлекувате и чувствувате како да сте ги напишале вие самите.

ЛАВ – Поп музика

Родени како вистински лидери, не е никакво чудо што најмногу ве привлекуваат оние кои ја „водат“ музичката индустрија и се на врвот на топ листите.

Може да уживате скоро во секој музички жанр, но она што најмногу го преферирате е поп музиката. Сакате песни на кои може истовремено да се пее и игра, а најновите хитови ви се слабост.

Ја чувствувате музиката како некој најубав подарок што животот може да го понуди. Лесно ги паметите песните, а текстовите ги знаете напамет без никаква мака. Воедно се интересирате и за животот и кариерата на самите изведувачи, па сте целосно внесени во музичкото искуство.

ДЕВИЦА – Класична музика

Како еден од најинтелигентните знаци, вие Девиците барате тип на музика кој ќе го разбранува вашиот мозок. Не слушате музика само колку да се опуштите, туку сакате да откриете нешто ново за себе и секако за светот околу вас.

Музичкиот жанр кој најмногу ви одговара е класичната музика. Не се интересирате многу околу текстот на песните, сè додека има музика која е длабока и значајна.

Подеднакво ги цените класичните композитори, како и оние современите кои изведуваат класична музика со свои примеси при изведбата.

Преку класичната музика вие доаѓате до состојба на екстаза и во неа пронаоѓате и прилично многу инспирација за креативни подвизи.

ВАГА – Турбо-фолк музика

Вие сте прилично друштвена личност која сака да се забавува и не сака никакви предрасуди. Најмногу уживате во турбо-фолк музиката бидејќи сакате да мешате со колковите, а текстовите ви се прилично смешни и интересни.

Некои од љубовните турбо-фолк песни особено умеат да ве погодат во срце, па не е исклучено да ги порачате во кафеана и да му „фрлите“ некоја петстотка на музичарот.

Вие едноставно сакате да се забавувате и не ви е многу гајле како тоа го доживува околината. Доколку е паметна, сметате дека ќе ви се приклучи во пеењето на рефренот.

СКОРПИЈА – Хип-хоп и рап музика

Како емоционални, интензивни и страсни луѓе во потрага сте по музика која ќе ѝ зборува на вашата душа. Музиката е огромен дел од вашиот живот, многу настани ги поврзувате со одредени песни емоции.

Но онаа која најмногу ви одговара е хип-хоп и рап музиката. Многумина не ги доживуваат вака интензивно како вас и ги „отпишуваат“ од музичкиот список поради грубиот јазик, но вие ја чувствувате на многу поинаков начин и знаете дека овие жанрови кријат многу повеќе длабочина во себе.

Ја сакате страста на рапувањето, текстовите ги доживувате како чиста поезија. Воедно, се поистоветувате со изведувачите, особено со оние кои се издигнале од ништо, односно од дното, бидејќи и самите вие сте како Феникс.

СТРЕЛЕЦ – Реге музика

Опуштени, сладникави „лабави“ мелодии на кои може нежно да се танцува и да се релаксира мозокот. Овој тип на реге музика е вашата слабост Стрелци.

Особено цените и музика од други континенти, како Латинска Америка или Карибите.

Ги сакате емоциите кои доаѓаат во „пакет“ со песната, сакате певливи, заразни рефрени и музика која ве носи поблиску до културата од којашто потекнува.

За вас не е важно да ги разберете зборовите, доволно е само да уживате во самата музика, а доколку сте во друштво на некој кој потекнува токму од државата каде што се создава ваквиот тип на музика, тоа е како празник за вас и двојно уживање.

ЈАРЕЦ – Џез музика

Како еден од најсофистицираните знаци во Зодијакот, потребно ви е да слушате и софистицирана музика, а за таква ја сметате џез музиката.

Префинет и интелигентен, токму како вас, се пронаоѓате во џезот бидејќи слично на неговиот тек – и вие си создавате свои правила по кои се раководите.

Џез музичарите вложуваат многу работа и труд со цел да се усовршат, па се пронаоѓате прилично многу и во оваа приказна.

Џезот е многу повеќе од само вашата омилена музика, тој ве претставува целосно како личност и карактер.

ВОДОЛИЈА – Алтернативна музика

Драги Водолии, и вие сте едни од оние знаци кои не следат никакви туѓи правила, освен сопствените. Сакате да живеете во својот мал скроен свет, како бунтовници и луѓе со отворен ум и дух.

Затоа толку многу се поистоветувате со алтернативната музика. По природа сте самотници, па најчесто не ви е потребно многу друштво да си поминете добро.

Потребен ви е само одличен бенд, и доволни сте си вие самите. Сакате од сè по малку, а тоа го пронаоѓате во овој тип на музика.

Алтернативната музика е вашиот избор бидејќи најмногу ве потсетува на вас. Можеби звучи како некој друг музички жанр или изгледа како „секој друг“, но сепак има многу карактер и оригиналност, што ја прави уникатна.

РИБИ – Инди музика

Вие Рибите имате најсилна поврзаност со музиката отколку кој било друг знак во Зодијакот.

За вас, музиката претставува бегство од реалноста магичен сон каде што може да се случи сè. Постојано имате нови омилени песни кои ги додавате на бесконечната музичка листа, и секоја од нив буди различна емоција во вас.

Инди-музиката е онаа во која најмногу се пронаоѓате себеси. Сè што е малку различно од останатото кое се нуди на пазарот, а ви ги буди емоциите, за вас е полн погодок.

Сакате музика која е уникатна и не е за сечиј вкус, а инди звуците се токму она кое го барате.

Ги обожавате сложените текстови како и тактот на мелодијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top