| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: МВР е партиски штаб на СДС

Правото на мирен протест е загарантирано право на секаде во светот, но не и во Македонија! Ако само пред една недела видовме, а дел од нас и ја осетивме бруталаноста на полицијата под команда на Оливер Спасовски и Зоран Заев, синоќа за време на одржување на мирен протест, погоре споменатите ликови ги пуштија своите гавази да го нападнат шатабот на ВМРО ДПМНЕ. Пораката од минатата недела е иста како и синоќешната, внесување на страв и несигурност кон секој поединец и политичка партија што ќе се спротистави на оваа хунта. Двајцава можат да тепаат, фарбаат, фрлаат хемиски отрови и шок бомби кон недолжно населени и никој ништо не им може. МВР е партиски штаб на СДС, обвинителство и судство се корумпирани, а за граѓанско-невладиниот сектор веќе не ми се ни пишува, ни збори какво дно се. Грѓаните кои го подржуваат СДС или пак се против ВМРО, гледаат сеир! Сакам да предупредам дека ваквото насилие и терор против политичките неистомисленици, многу лесно може да избега од контрола и Македонија да отиде во правец во кој сеуште верувам дека ни Спасовски, а ни Заев не сакаат да ја турнат. Ако во текот на денешниов ден Оливер Спасовски не излезе на прес конференција на која ќе информира дека се уапсени сторителите на синоќешниот напад, тогаш ви тврдам дека истите нема да бидат пронајдени, а во наредниов период треба да се очекува уште пожестоки напади од нивна страна – напиша аналитичарот Александар Пандов на својот фејсбук профил.

Неговата реакција доаѓа откако синоќа беше каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев: Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз сите оние кои ги штитат македонските национални интереси

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top