| четврток, 6 декември 2018 |

Специјална војна: Да нема цензус за „не дај боже“ да не пропадне референдумот!?

Се подготвува ли терен преку исклучување на цензусот за излезност од 50 отсто на претстојниот референдум и измена на Законот за референдум да се изигра волјата на македонскиот народ. Познавачите предупредуваат дека по кршењето на Уставот со склучување на меѓународниот договор од страна на Владата, сега се игра на картата за можна манипулација и изигрување и со уставниот цензус. Евентуалното намалување на прагот за излезност, повлекува и менување на законот за референдум, коментира екс министерот за правда Михајло Маневски.

Политичките аналитичари кои ги бранат политиките на Власта веќе ја кројат сликата за тоа кое сценарио би било најпогодно за референдумот и мислењето на граѓаните за Договорот со Грција. Политички аналитичар Петар Арсовски во изјава за Алсат вели дека единствен начин за обезбедување фер натпревар на референдумот било да се исклучи цензусот за излезност од 50 отсто.

Експертите коментирајќи ги уставните одредби велат ако референдумот е консултативен требаше да биде организиран пред ставањето потпис на Договорот. Токму чл.30 од Законот утврдува дека… „одлуките ќе се сметаат за усвоени ако за него гласаат мнозинството од повеќе од половината излезени гласачи“.

Премиерот се уште тактизира околу тоа дали да бил консултативен или задолжителен референдумот за кој вели не дај боже да пропадне. Виси моментот за тоа како би гласело референдумското прашање. За опозицијата е прифатлив само обврзувачки референдум. За првиот човек на партијата Мицковски голема улога ќе имало и тоа дали ќе референдумот би бил спроведен на демократски начин.

За најавениот референдум да биде легитимен, на него ќе треба да излезат повеќе од 900,000 граѓани, што е половина од околу 1,800,000 гласачи, колку што беа регистрирани на последните избори. А за договорот да добие поддршка, ќе треба да има повеќе од 450,000 гласа „За“.

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top