Наглите промени на времето од саат во саат негативно влијаат врз здравјето на луѓето, особено врз хронично болните, но и врз работоспособната популација, алармираат лекарите. Честите промените, велат, довеле до зголемен број на срцеви и мозочни удари и се најопасни за оние со нарушено здравје. Единствен спас се терапијата и редовните контроли.
Како превенција препорачуваат консумирање повеќе течности, здрава храна и да не се излегува надвор без шише вода.
Лекарите ги советуваат хронично болните пациенти редовно да ја земаат пропишаната терапија, да не излегуваат на сонце во периодот од 10 до 17 часот.
Променливото време ќе потрае уште неколку денови, велат синоптичарите. Веќе од утре ќе биде топло, но сепак дождот нема да не поштеди. Од наредната недела до среда – ќе врне околу пладне, а кон крајот на неделата температурата ќе расте.
– Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и значително посвежо, претпладне со повремен локален дожд. Попладне ќе биде претежно сочево на северот, а кон крајот на денот облачноста ќе биде претежно на југ со услови за краткотрајна нестабилност во овие делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени, изјави за Алфа Борис Секирарски од УХМР.
И додека времето си игра топло ладно, и е несоодветно за овој период од годината, повиците во итната медицинска помош постојано растат. Во просек, според лекарите имале и по неколку мозочни удари дневно. Советуваат, граѓаните да бидат претпазливи. Ако се почувствуваат истоштено, велат, веднаш да побараат помош. Периодов тоа е случува поради поради наглата промена на температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст