Вие бевте против кандидатурата на Зоран Дамјановски за трет мандат и тоа се спомнуваше како причина што сте исклучени од СДСМ. Но, сигурно имало и плус недоразбирања за да партијата да донесе таква одлука и доколку имало кои се тие?
Јас и Дамјановски и во 2009 година бевме во внатрепартиската трка за градоначалник. И тогаш се водев од рационалниот и одговорен пристап. Бев реален во согледувањето на фактичката состојба, ја почитував позицијата и ставот на централното партиско раководство и не се спротивставив на одлуката, туку цврсто ја поддржав, иако и тогаш поголемиот дел од членството сметаше дека Зоран Дамјановски не треба да биде кандидат за градоначалник, посебно поради неговиот однос кон партијата и членството. Да не заборавиме дека тогаш тој не беше член на СДСМ (се замрзнуваше – па се одмрзнуваше). И по победата 2009 година Дамјановски не го смени својот однос кон членството. Напротив, тој почна со екстремни притисоци каде што одмаздољубивоста и реваншизмот му беа главни карактеристики кон луѓето што размислуваа и дејствуваа поинаку од него.
Истовремено, Дамјановски сè помалку ги реализира ветените проекти во делот на инфраструктурата, не реализира ниту еден капитален објект (во вториот мандат), неодговорното менаџирање на јавните претпријатија стана повидливо и поизразено, а општинската администрација стана синоним за непрофесионалност и за разузданост.
И во таква ситуација кога гледате дека првите луѓе на партијата не се искрени меѓу себе, прво тие што ја имаат одговорноста не се еднакво третирани, не ви преостанува ништо друго освен да се изоставите од нешто во кое немате влијание за да не бидете соучесник во донесување погрешни одлуки, со поддршка на погрешни кадри, без ни малку одговорност во себе. Поради тоа поднесов оставка.
Како човек што добро ги познава проблемите во Вашата локална единица и како советник што можел да има увид во работењето на градоначалникот, ќе можете ли да кажете дали парите на граѓаните на Куманово се трошеа правилно?
Не сакам да шпекулирам за работењето на актуелниот градоначалник и на неговите први соработници, посебно во делот на трошењето на јавните пари, за тоа има институции. Така што секогаш имаат законска можност тоа да го проверат, а дали и кога ќе го направат тоа јас не можам да одговорам на тоа. Јас овде можам да наведам дека со Дамјановски подолго време имавме концептуални разлики во менаџирањето на приоритетите. На пример, Општината целосно го презеде долгот на ЈП „Водовод“ кон ЕБРД штитејќи го лошото менаџирање на неговиот кумашин и тие пари директно се намалуваа од капиталните инвестиции во општината. Таков случај беше и со буџетските дотации во делот на превоз на ученици и во делот на материјалните и на оперативните трошоци во сферата на образованието, кои повторно беа надоместени од капиталните инвестиции на општината, а за тоа во ниту еден момент не беа исцрпени сите механизми кон надлежните државни институции. Исто така, се судривме и за спроведување на постапката за јавно-приватно партнерство за „Куманово – гас“. Според мене, овој процес беше политички неиздржан за да се спроведува во последната година од мандатот, сепак се работи за дистрибуција на енергент, и ако го имаме веќе горчливото искуство со приватизацијата на ЕСМ, за што денес цената ја плаќаат граѓаните, таков пример не сакаме и во Куманово. Овде не би сакал да ги набројувам многуте неспроведени одлуки донесени од Советот, кој градоначалникот беше должен да ги спроведе, а се многу битни за граѓаните на општина Куманово, а тој ги игнорираше…
Целото интервју со Виктор Цветковски, независен кандидат за градоначалник во Куманово можете да го прочитате во новиот број на неделникот „Република“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


