| четврток, 6 декември 2018 |

Ечи пред Собрание „Едно име имаме“, прочитана стихотворба за Ѓорѓе Иванов

Баскерџијата Кристијан Бенито прочита авторска стихотворба во чест на Ѓорѓе Иванов и неговиот отпор кон договорот од Преспа за време на протестите пред Собранието на РМ за неменување на името.

„Ние младите сакаме да го обединиме македонскиот народ и да го зачуваме името. Со овој договор од Преспа загубивме само една битка“, порачаа од студенстаката „Млади за Македонија“, организатор на протестот пред Собранието на РМ вечерва.

Засега е мирно, а на истиот се приклучија навивачката група „Комити“ кои го најавија своето доаѓање со пиротехника.

Преку видео-врска се јави и еден од внуците на илинденскиот херој Никола Карев, кој порача дека неговата фамилија изгубила осум членови за Македонија, а дека македонските прописи не дозволуваат промена на името. Преку видео-бим се јави и внуката на македонскиот идеолошки деец Гоце Делчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top