| четврток, 6 декември 2018 |

Протестот започна со молитва

Протестот организиран од група граѓани „Млади за Македонија“ кој се одржува пред Собранието против промена на името, започна со молитва. Насобраните испратија порака дека само господ знае за Македонија и да и помогне на државата да ги спаси од „лукавиот“. Тие носат транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и повикуваат на разумност со цел да се зачува уставното име. Пред Собранието во центарот на Скопје може да се забележи и зголемено присуство на полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top