| четврток, 6 декември 2018 |

Загина кошаркарски репрезентативец на Косово по прославата на неговиот роденден

Утринава се случила сообраќајна несреќа во која животот го загубил кошаркарскиот репрезентативец на Косово, Гасменд Синани, уште двајца се повредени од кои еден е во животна опасност.

Синани го славел својот роденден заедно со други кошаркарски репрезентативци на Косово. Утринава враќајки се од прославата направил собраќајка која завршила трагично.

Гасменд Синани бил пронајден мртов. Тој бил возен од неговиот соиграч Алтин Морина кој поминал неповреден.

Во колата биле уште двајца кошаркари на Косово, браќата Граните и Фисник Ругова. Фисник е сериозно повреден и се бори за живот, додека Граните е надор од животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top