Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во главниот град Пном Пен каде открила 33 бремени девојки кои потпишале договори да бидат сурогат мајки на деца со кинески брачни двојки.
Оваа пракса беше забранета во 2016 година, но голем број девојки во сиромашната Камбоџа се уште склучуваат вакви договори со кинески двојки кои немаат деца. Четири жени од Камбоџа и еден Кинез биле уапсени за водење на оваа илегална сурогат агенција. Тие се обвинети за трговија со луѓе.
На жените, на кои не им се заканува затвор, им биле нудени по 10.000 долари за да родат бебе за кинеска двојка, при што парите ги добивале при забременувањето и потоа на месечни рати. Се смета дека 20 бебиња веќе им биле испорачани на семејства во Кина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст