Репрезентацијата на Белгија ја оправда фаворитската улога и денеска го совлада Тунис со 5-2. Белгијците уште во првиот дел го решија мечот со голот на Азар уште во шестата минута, по што следеа два гола на Лукаку, но и еден за Брон кој намали на 2-1. Капитенот Еден Азар стрелаше уште еденаш во 51. минута, Батчуаи зголеми на 5-1 во 89 минута, а Казри во судиското надополнување ги постави конечните 5-2.
Ова е втора победа за тимот на Мартинез на СП во Русија, каде во групата Г ќе се борат за првото место со англиската селекција.
Со 6 бода Белгија во моментов е на првото место во групата, а се очекува утре Англија да ја победи Панама за да се израмни во Белгијците. Двете репрезентаци ќе си ги одмерат силите во последното коло од групната фаза во четврток во меч кој директно ќе решава за победникот на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст