| четврток, 6 декември 2018 |

Испразниле еден банкомат: Стаорци изеле скоро 20 000 долари (видео)

Необичен случај е откриен во Индија кога клиенти на една банка се пожалиле дека банкоматот не работи и не исфрла пари. Шефот на полицијата, Мугдаџуоти Дев Маханта, изјавил дека вработените во банката “минатата недела го прегледале банкоматот и пронашле мртов стаорец и искинати банкноти“.

Полицијата спровела истрага и не пронашла траги од “кривично дело или завера“.

– Изгледа стаорци влегле во машината низ малиот отвор за кабли. Уништени се банкноти во вредност од околу 19 000 долари, се наведува во полициското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top