| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Петре повторно во мисија на рушење на Уставот на РМ, таа екскурзија нема да ви ја дозволиме!

– Петар Арсовски повторно во мисија на рушење на УСТАВОТ НА РМ! И повторно, како безброј пати до сега, ете ти го Петре на јавна сцена со нов “генијален” предлог за некаков “фер референдум”? Петре, дај те молам едуцирај се пред да шеташ по медиумите и да раскажуваш бабски сказни ко селска визитарка! Редно време е за твоја мала наобразба! ЦЕНЗУСОТ, или излезноста на гласачите ЗА СИТЕ ВИДОВИ РЕФЕРЕНДУМ НА ДРЖАВНО НИВО е утврден во Уставот, и препишан од Уставот во Законот за референдум!, пишува универзитетската професорка Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил.

– Така што сите твои и од други буцкани обиди да го заобиколите тој ПРАВЕН ФАКТ и како секогаш да ги релативизирате до бескрај уставните норми, САМО КОГА ВАМ, НА СДС ТАКА ИМ ОДГОВАРА, ја буткаат во уште поголема провалија државата и правниот систем! Знам дека тоа ви е конечната цел, АМА НЕМА ДА ВИ ЈА ДОЗВОЛИМЕ ТАА ЕКСКУРЗИЈА!, додава таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top