
Полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ј.Ќ. (19) од с. Нераште поради извршена разбојничка кражба во текот на вчерашниот ден. Вчера околу 06,30 часот во с. Отушиште-Тетово, во семејната куќа на В.Ѓ (69), тој извршил разбојничка кражба, на тој начин што преку незаклучената влезна врата влегол внатре во куќата и почнал да пребарува во просториите на првиот кат.
Во тоа време, В.Ѓ. (69) била во дворот на куќата и во моментот кога се обидела да влезе внатре, забележала дека вратата од куќата била отворена и слушнала тропање на катот. Се качила горе, при што го затекнала сторителот, кој вперил пиштол кон неа, а потоа побегнал.
Од страна на униформирани полициски службеници во с.Нераште бил пронајден сторителот, утврден е неговиот идентитет, се работи за Ј. Ќ. (19) од с.Нераште. Кај Ј.Ќ. бил пронајден и одземен еден гасен пиштол марка “МД 92ФС Блоубек“.
По документирањето на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


