| четврток, 6 декември 2018 |

Митровиќ: Игравме како муви без глави, примивме голови како мали деца

Напаѓачот на Србија, Александар Митровиќ беше прилично разочаран по поразот од Швајцарија и имаше многу забелешки за играта на неговиот тим

Србија рано стигна до водство токму со голот на Митровиќ и на пауза замина со резултат кој и носеше осминафинале. Сепак, Швајцарија во вториот дел направи комплетен пресврт. Најпрво Џака погоди од далечина за 1-1, а во последните мигови по една контра Шакири изби сам и донесе победа од 1-2.

„Примивме голови како мали деца, многу глупаво, многу ефтино. Премногу сме разочарани. Наместо да ја браниме предноста, ние тргнавме напред. Не знам што се случи. Не може да напаѓаме како муви без глави. Одигравме глупаво, навистина глупаво“ – изјави по крајот на мечот Александар Митровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top