| четврток, 6 декември 2018 |

Му се најде вратоврската од Заев – Ципрас првпат со вратоврска

Грчкиот премиер Алексис Ципрас за првпат се појави во јавност со вратоврска. Тој кога стапи на премиерската функција изјави дека нема да стави вратоврска се додека не успее да ја извлече Грција од должничката криза.

-Малку ми е тешко, но ќе се навикнам, рече грчкиот премиер, кој си го одржа ветувањето и со црвена вратоврска се појави пред пратениците на коалиционите партнери СИРИЗА и Независни Грци, јави дописничката на МИА од Атина.

Обраќањето го започна со коментар околу вратоврската, велејќи дека облозите се за да се исполнуваат.

Неколку часа претходно, како што веќе објави МИА, Алекис Ципрас на средбата со Прокопис Павлопулос, рече дека „нема да се спаси, ќе мора да стави вратоврска“.

Грчкиот премиер денеска го исполни старото ветување дека вратоврска ќе стави само доколку и кога ќе се најде решение за грчкиот долг и земјата ќе излезе од кризата.

Останува енигма, дали можеби вратоврската е онаа што во неделата ја доби во Преспа од неговиот македонски колега, со оглед на тоа дека бојата е иста.

Повод за говорот на Алексис Ципрас, кој наместо во грчкиот Парламент се одржува во палатата Запио во центарот на Атина, е позитивната одлука и договорот за Грција на вчерашниот состанок на Еврогрупата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за вчерашната одлука на Еврогрупата, Алексис Ципрас денеска го информираше грчкиот претседател, а на почетокот на дијалогот пред камерите, токму вратоврската беше првата тема.Тој сепак, денеска се појави со црвена вратоврска, иста каква што му подари македонскиот премиер Зоран Заев на потпишувањето на Договорот за решавање на спорот со името.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top