Сообраќајот утре од 10 часот во централното подрачје на Скопје ќе биде пренасочен заради поставување бина пред Собранието на Република Македонија, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на следните улици и тоа: крстосница Даме Груев – Васил Главинов во правец кон „Црвен крст“ и обратно од крстосница „11 Октомври – Кочо Рацин“.
Воедно, се апелира до граѓаните да се воздражат од насилни акти за време на протетсите.
Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст