| четврток, 6 декември 2018 |

Будимир демантира: Немаше инцидент со Грците за името, тие беа одлични домаќини

Сакам најостро да ја демантирам веста објавена во некои медиуми дека дошло до инцидент помеѓу децата од мојата ракометна школа и нивни врсници од Грција.
Не ја разбирам потребата да се исполитизираат спортските активности кои традиционално во овој период од годината се одржуваат во Неи Пори, Грција.
Напротив, можам да кажам дека се’ помина во најдобар ред и дека Грците беа одлични домаќини.
Ракометното Школо „Андријана Будимир“ и идната година својот летен камп ќе го одржи во Неи Пори, Грција – напиша на Фејсбук поранешната ракометарка Андријана Будимир.

Утринава се појави информација дека во Грција настанала пресметка помеѓу македонски и грчки тинејџери околу името Македонија. според објавеното,  македонските тинејџери биле дел од летниот подготвителен ракометен камп на Будимир што бил организиран во НЕи Пори во Грција.

Тинејџерите од Грција со бејзбол палки влегле во хотелот на младите македонски ракометари

Македонски и грчки тинејџери се степале во Грција поради името

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top