| четврток, 6 декември 2018 |

Германската влада препорача отворање ЕУ – преговори со Македонија

Во писмо до германскиот парламент, германската влада оценува дека реформскиот биланс на македонската влада говори во корист на почеток на преговори за членство во ЕУ.

Додека сите очи се свртени кон Франција, поради отпорот на Париз кон одредување датум за почеток на преговори со ЕУ за Македонија и Албанија, германската влада денеска отворено застана зад напорите на Скопје да тргне уште еден чекор напред кон Европската Унија. Во писмо упатено до германскиот Бундестаг од германското МНР од име на Владата во Берлин, се наведува поддршката за одредување датум за почеток на преговори со Македонија на претстојниот ЕУ Совет и самит следната недела.

– Одобрувањето (на одредувањето датум за почеток на преговори, н.з.) ќе биде вистинскиот позитивен сигнал за македонската Влада, која фокусирано го следи реформскиот курс наспроти политичкиот притисок од внатре и однадвор. Сепак, условеноста мора да биде задржана, се наведува во писмото.

Во делот на условите кои Македонија ќе мора да ги исполни пред да ги отвори преговорите се наведуваат: јасно видливи чекори за враќање на независноста на правосудството, натамошни напори за реформа на јавната администрација, на пример во делот на кадровската политика; како и приоритизирање на борбата против организираниот криминал и корупција; и притоа да се прикажува редовен успешен биланс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top