| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за прилепчанец: На полуматурска прослава му се заканувал на наставник дека ќе го убие

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М. (25) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“.

На 07.06.2018 година околу 21.00 часот во хотел во Прилеп, за време на прослава на полуматура на учениците од основното училиште ,,Климент Охридски“ од Прилеп, пријавениот кој бил во друштво со уште две лица, упатувал закани по животот на наставникот С.Ј., по што и физички го нападнал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top