| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска: Силен ветер и дожд ги претвори улиците во реки (видео)

Во текот на ноќта скоро цела Хрватска ја зафати страшно невреме кое донесе дождови и пад на температурите и до10 степени елзиусови.

Во Истра е забележано невреме проследено со силен ветер од 82 километри на час, додека во Пула 73 километри на час.

Ровињ бил погоден од силен ветер и исклучително силен дожд, а видливоста се намалила на само неколку метри оддалеченост.

За само 20 минути паднале повеќе од 50 мм дозд, што во просек е 2/3 од количината на дожд за цел месец.

За областа Кварнер денес има црвено предупредување за бурен, силен ветер кој треба да се ослаби кон крајот на денот. Најсилните ветришта ќе бидат 85-120 км / ч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top