| четврток, 6 декември 2018 |

Судот го прифати обвинението за организираниот напад во Собранието на 27 април

Прифатен е обвинителниот акт за организираниот напад на Собранието на 27 април минатата година, соопшти Основниот суд Скопје 1.

– Советот за оценка на обвинителен акт при одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи во оценка на обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година кои се случија во Собранието, одржа не јавна седница за оценка. По детално разгледување на сите приговори поднесени од одбраната и обвинетите како и ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт, донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт во целост, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Откако ќе биде формиран кривичен предмет по обвинителниот акт велат од Судот и истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за главна расправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top