| четврток, 6 декември 2018 |

Аргентинци претепаа хрватски навивачи (Видео)

Аргентинските навивачи збеснаа по поразот на својата репрезентација од Хрватска (0-3), па одлучија гневот да го „истурат“ на хрватските навивачи.Од видеото кое го пласираа руските медиуми, се гледа дека натпреварот уште трае, а двајца-тројца Хрвати биле начекани од Аргентинци и крвнички тепани и клоцани. Верзијата во руските медиуми е дека тепачката ја прекинале од обезбедувањето на стадионот, но такво нешто не може да се види на видеото, кое очигледно добро покажува како Аргентинците го „истураат“ својот бес на хрватските навивачи и никој од обезбедувањето не реагира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top