Во писмото Владата го информирала претседателот Иванов, дека преку Алатката, пред граѓаните досега се објавени трошоците на премиерот, на министрите и на замениците на министрите, на државните секретари и на генералниот секретар на Владата.
Од кабинетот на претседателот Иванов стигна експресен одговор.
Претседателот Ѓорге Иванов досега не одговори на поканата да ја прифати Алатката за отчетност, со што одбива да ги информира граѓаните за неговите службени трошоци, соопшти владината служба за информирање.
„Во писмото, испратено на 29-ти мај, министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, го информираше претседателот Иванов дека алатката им е достапна на сите избрани функционери кои се подготвени да ги стават на увид информациите и податоците за трошењето на нивните пари“, се вели во соопштението.
Во писмото Владата го информирала претседателот Иванов, дека преку Алатката, пред граѓаните досега се објавени трошоците на премиерот, на министрите и на замениците на министрите, на државните секретари и на генералниот секретар на Владата.
Од кабинетот на претседателот Иванов стигна експресен одговор.
„Потенцираме дека сите јавни набавки од Кабинетот на претседателот во изминатите девет години се извршени на максимално транспарентен начин и согласно со сите законски регулативи и истите се јавно достапни. Ова го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на претседателот спроведени од Државниот завод за ревизија“, се вели во соопштението.
Кабинетот на претседателот на Република Македонија, како и досега, така и во иднина, целосно стои на располагање за какви било информации кои се однесуваат на финансиското работење и трошењето на народните пари за службени потреби.
Со оглед на тоа дека постојат механизми за проверка на финансиското работење на државните институции, Кабинетот на претседателот нема законска обврска да прифаќа дополнителни „алатки“, се вели во писмената реакција од Кабинетот на претседателот на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст