Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде портокалово предупредување за поројни дождови, грмотевици и силен ветер во целата земја. Портокаловиот метеоаларм означува опасни временски услови. Во Белград од изутринава врне пороен дожд, проследен со грмотевици. Сообраќајот е отежнат, а некои улици се целосно под вода. Некои делови на Белград беа зафатени и од град. Невремето причини штета на овошките и на патната инфраструктура во западниот дел на Србија. Поплавени се и голем број куќи во реонот на Пријепоље. Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат опасни временски појави, кои можат да предизвикаат материјална штета и да претставуваат опасност за луѓето и животните. Локалните власти препорачуваат да се избегнува престој на отворено, доколку не е потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст