| четврток, 6 декември 2018 |

Грција доби „подарок за излез“

Министрите на еврозоната се согласни дека за 10 години ќе ја продолжат рочноста за главните должнички обврски на Грција, што се смета за историски договор.

Истовремено, Грција обезбедила заем од 15 милијарди евра (17,5 милијарди долари) како би и се олеснил излезот од програмата за помош во август оваа година.

Министрите на еврозоната го усогласиле во долгот и големо исплаќање на готовината за Грција рано во петокот , како дел од големиот излез со кој ќе се затвори циклусот од осум години штедење и програма за спасување за Атина.

„Имаме договор за Грција“, рекол европскиот извор кој го потврдиле други официјални извори, откако повеќе од шест часа разговори домнинирал отпорот на Германија кој попуштил во последен момент.

Планирано е Грција да го напушти финансискиот спас на 20 август, а министрите за финансии од 19 земји кои користат единствена валута биле под притисок да и понудат на Атина проштален договор кој таа земја би ја направил посилна во очите на финансиските пазари.

Отстранувајќи го прашањето за долгот од маса, министрите на еврозоната се согласиле да го продолжат рокот на 10 години за поголем дел од должничките обрвски на Грција.

Исто така наведуваат дека доверителите ќе платат 15 милијарди евра, како би го олесниле излезот на земјата од својата програма.

Договорот е важен пресврт за еврозоната скоро деценија откако Грција го вознемири светот со потрошувачка без никаква контрола и предизвика три програми на спасувачка програма и скоро колапс на еврото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top