| четврток, 6 декември 2018 |

Далиќ: Фантастичен меч, еден од најдобрите во хрватската историја

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ вели дека победата над Аргентина од 3-0 е една од најголемите во хрватската фудбалска историја. Хрватска одигра одличен меч и буквално ја понижи селекцијата на Аргентина победувајќи ја со 3-0. Меси и соиграчите уште еднаш беа немоќни, а прстот сите го вперуваат во селекторот Сампаоли.

– Честитки за моите момци. Ова беше фантастичен натпревар, еден од најголемите во историјата на Хрватска. Во секој сегмент бевме одлични, одработивме се што требаше. Во секој сегмент бевме подобри од Аргентина. Сите заслуги одат за фудбалерите, изјави селекторот Далиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top