| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров наместо да си даде оставка, слушам претседател го викале, тоа нема да помине

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Телевизија, посочи дека министерот за надворешни работи ја најави својата оставка ако пропадне предлогот Илинденска Македонија.

– Но еве сега не само што не дава оставка, туку претседател го викале во неговиот кабинет, но тоа нема да им помине, рече Христијан Мицкоски.

Тој потенцираше дека граѓаните се уште ја очекуваат оставката на Димитров, бидејќи така храбро викал дека е подготвен на тоа, но сега се повлекува и изгледа не е.

– Или па е подготвен да си даде оставка само за да биде промовиран како претседател на државата. Времето ќе покаже, вели Мицкоски.

Тој посочи дека Димитров на телевизија изјавил бидејќи немало попис одамна, не се знаеле колку се избирачите.

– Министерот во една реченица ги уништи сите алибија на СДСМ за изборите во 2016 година и во ист момент ја оспори кредибилноста на локалните избори во 2017 година, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top