
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисјата „Патот Кон“ на Алсат М Телевизија, вели дека со договорот со Грција се негира правото да се определи како Македонец на сите Македонци надвор од територијата на државата. Во врска со прифаќањето на договорот од страна на Заев, Мицкоски вели дека никогаш не би прифатил таков договор.
– Јас не би прифатил вакво нешто. Не само што не би прифатил не би ни разговарал на таа тема воопшто. Еве не мора јас да сум во право. Видете ја денешната изјава на премиерот на Грција, Ципрас, каде што вели – Ние епохално успеавме да вметнеме придавка пред зборот Македонија што до сега го немаше, бидејќи поранешна се идентификуваше кон Југославија, а ние се обраќавме кон Македонија зошто беше Република. Самото тоа ви кажува ние земавме многу, а не дадовме ништо, вели Мицкоски.
Мицкоски подвлече дека од страна на Владата немало никаков демант и додаде дека доволно е да се видат ги изјавите на грчкиот премиер и грчкиот министер за надворешни работи.
Според него, ова сега е хибрид со вметнување на таа придавка помеѓу Република и Македонија.
Во овој момент, Мицкоски вели дека ова е егзебиционизам и се кажуваат убави работи во моменти кога државата се распаѓа на било каков план.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


