Бразилскиот репрезентативец Фред и официјално е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед, откако ја доби потребната работна виза и стави потпис со англискиот гигант.
– Среќен сум што ќе имам шанса да играм за клуб со голема историја и традиција. Манчестер Јунајтед е еден од најголемите клубови во светот и затоа со нетрпение го очекувам мојот прв настап. Знам дека нема да биде лесно, но ветувам дека ќе дадам сè од себе за да му помогнам на овој тим да им се врати на трофеите, вели Бразилецот.
Фред на „Олд Трафорд“ се сели од редовите на Шахтјор. Во овој момент е дел од бразилската репрезентација на СП во Русија, но поради ситна повреда не беше во плановите на Тите на првиот меч со Швајцарија.
Јунајтед за овој трансфер потроши 53 милиони фунти, а Фред потпиша договор на пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст