| четврток, 6 декември 2018 |

Заев демантира личен став – Владата со нов притисок врз Република

Од службите на Владата во нашата редакција пристигна барање за демант потпишано лично од премиерот Зоран Заев.

Професионално го објавуваме барањето за демант иако се работи за личен став на нашиот надворешен соработник, објавен во рубриката Колумни, во која под секој текст стои јасно видлива забелешката:

„Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Текстот во Република нема за цел да навреди некого лично ниту пак да наштети на нечиј углед. Во текстот е изнесен личен став на авторот, искажан во стил кој е резултат на неговиот авторски порив, а не се изнесени историски факти кои се однесуваат на конкретен настан од минатото. Сметаме дека тоа е во согласност со правото на јавно изразување и слобода на медиуми. Критиката и поинаквото мислење за потегот на Владата не значи лична навреда и омаловажување.

Бидејќи во текстот се изнесен личен став, а не се изнесени тврдења или информации чијшто вистинитост или невистинитост може да се докаже или побие со факти, ова барање го сфаќаме како уште еден притисок врз новинарството и врз слободата на изразување, но и конкретно врз нас, како растечки медиум, врз кој СДСМ со години врши политички притисок поради разидувањето во ставовите.

Барањето за демант се однесува на првиот пасус на текстот „Денес црни скотови ни ја силуваат нашата мајчичка Република Македонија“, колумна на Алдо Климан, објавена на порталот Република на 17 јуни 2018 година во 12.07 часот.

„Пред очите на сите Македонки и Македонци, потомци на славниот и нескршлив македонски род, и пред очите на целата светска јавност глутница подмолни македонски заговорнички скотови и ѓубриња и острвените грчки фашистоиди и нивните европски и светски помагачи во тој гнасен нецивилизациски чин безмилосно и безумно ја силуваат нашата невина, достоинствена и горда мајчичка-татковина Македонија.

За да го спроведат злосторството до крај, црната квислиншка Тројка, Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска, и нивниот големоалбански аѓутант Бујар Османи се на самото место во Нивици, во тоа македонско место што ни криво ни должно влегува во најмрачната македонска и светска историја, место на грчко-македонската граница преку која во очај и ужас, пред фашистичките грчки штикови и митролески пресрелки во 1948 година бегаа, и стари и млади, болни, ранети, жени и деца, нашите македонски прогонети душички од Егејскиот дел на Македонија, безмилосно искорнати од своите топли дедовски огништа и домови, искорнати од животот. Тие предавнички изроди, со опинци наместо образи, се дојдени во Нивици еднаш за сите времиња токму ним, на тие наши страдалници, да им ја запечатат устата, да им го сотрат правото на сеќавања на својот дом и на сите нивни далечни семејни слики и спомени.“

Барање за демант на пасус од текст на Алдо Климан

Барањето е објавено и на страницата на Владата на Република Македонија, а споделено е и на Фејсбук страницата на Владата.

Сакаме да го потсетиме премиерот на една изјава на вицепремиерката Радмила Шекеринска, која рече дека многу е бирно за власта да престане  употребата на инструментот тужба за клевета за вршење притисок врз новинарите. Исто така, ако заборавил тој, новинарите не заборавиле, дека најголемиот политички непријател на Зоран Заев се – медиумите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top