| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал на црногорската национална телевизија: Фудбалските стручњаци со пиво во студиото ги коментирале натпреварите (видео)

Репрезентацијата на Црна Гора не се избори за пласман во Светското првенство во Русија, но како и во секоја друга држава, интересот за Мундијалот е огромен, па затоа гледачите не можеле да не забележат нешто необично во студиото на националниот сервис каде се коментирале натпреварите.

До еден од гостите, како што може да се види на снимката, стои чаша со пиво, па огромниот број на негативни коментари до јавниот сервис се сосема оправдани кога станува збор за овој пропуст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top