Вчера во 03.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ч.И. (40) од Скопје- такси возач, пријавил дека истиот ден околу 01.20 часот на бул. „Партизански Одреди“, во патничко возило бил физички нападнат од две непознати лица.
Двете лица се качиле во такси возилото и сакале да запалат цигара, но тој не им дозволил. Откако стигнале до бул. „Партизански Одреди“, едно од лицата почнало да го удира по глава, а другото лице со стаклено шише го удрилo во пределот на главата, по што и двајцата побегнале.
На Ч.И. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст