| четврток, 6 декември 2018 |

Деца на имигранти присилно добивале лекови во американски прифатни центри

Деца на имигранти во прифатилишта финансирани од американсиката влада редовно и со сила добиваат низа психотропни лекови за нивните трауми откако ќе бидат притворени и во случаи на разделување дете од родител, се вели во судска тужба.

Децата во прифатлишта како што е Центарот Схилох во Тексас речиси сигурно ќе добие лекови, независно од состојбата и без согласност од родители, се вели во тужбата од Центарот за човекови права и уставно право од Лос Анџелес.

Центарот Схилох не одговори на барањето за коментар на американски медиуми. Тужбата е поднесена на 16 април по воведувањето на политиката на Трамп за „нулта толеранција“ според која деца се разделуваат од родители кои илегално преминале на американски-мексиканската граница.

Трамп во средата се откажа од таа политика.

Официјални лица од Управата за бегалци, задолжени за надзор на тие центри, исто така не биле достапни за коментар за информациите објавени денеска.

Во тужбата се тврди дека земањето разни видови психотропни лекови во исто време може да предизвика сериозна штета за децата и се бара надзор за да се спречи користење лекови како „хемиски лудачки кошули“, а не заради потребно лекување.

Со тужбата се бара промена на таа политика и спречување на долготрајно ставање деца во притвор.

Дел од децата во Схилох пријавиле дека добивале до девет различни таблети наутро и шест навечер и им биле упатувани закани дека ќе останат во центарот ако ги одбијат. Дел од децата насилно добивале инекции ако одбивале лекови, се додава во тужбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top