| четврток, 6 декември 2018 |

Ја бакнал Меган Маркл пред принцот Хари: Ова е мажот за кого зборува целиот свет! (Фото)

Меган Маркл и принцот Хари присуствувале на кралските коњски трки во Аскот, а кога требало да биде прогласен победникот, Меган успеала да привлече внимание и да ја шокира јавноста.

На трката победил коњ чиј џокеј бил Френки Датори, а кога пришол да го земе трофејот, направил нешто што го изненадило целиот свет. Џокејот кој очигледно имал многу храброст и самодоверба ја бакнал раката на убавата Меган Маркл.

Иако Меган одлично се снашла во оваа ситуација, принцот Хари останал скаменет и неговиот израз на лицето открил дека не бил многу воодушевен што џокејот ја бакнал неговата сопруга. Но за да се пошегува, Хари му се заканил на шармантниот џокеј со прстот и почнал да се смее.

Експертите за правила во кралското семејство истакнуваат дека џокејот не прекршил ниту едно правило, бидејќи тој не мора да почитува одредени правила при средбата со кралското семејство.

Меган ги изненадила сите со тоа колку добро се снашла во оваа ситуација, но допрва ќе гледаме како ќе реагира на бројните изненадувања од обожавателите за време на секое нејзино појавување во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top