| четврток, 6 декември 2018 |

Навивач ја бакна новинарката и ја фати за гради за време на пренос во живот (Видео)

Колумбиската новинарка Џулиет Гонзалес Техран доживеа мала непријатност со еден навивач додека известуваше во живо од Светското фудбалско првенство во Русија.

Додека Џулиет известуваше во живо, до неа дотрча еден навивач, ја зграби за гради и ја бакна во образот и побегна пред таа да се свести што се случи. Новинарката остана прибрана со цел да го доврши прилогот, но нејзиниот израз на лицето ја издаде колку непријатно беше изненадена во ситуацијата.

Новинарката подоцна со снимката сама се пофали на Инстаграм: „Бев таму два часа подготвувајќи се за прилогот и ништо не ми се случи. А кога почнавме со пренос во живо, типот ја искористи ситуацијата. Додјде до мене, ме бакна, ме фати за градите. Морав да продолжам со работата, подоцна гледав дали тој непознат маж е уште таму, но го немаше“, напиша таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top