Единаестет години по излегувањето на филмот “Зона Замфирова” ќе се снима втор дел на ова популарно српско филмско остварување.
Продолжението на филмот “Зона Замфирова” ќе се снима на Власинското езеро а за потребите на снимањето ќе се изгради и филмски град “Зона град” на површина од 3 хектари, кој по снимањето ќе стане туристичка атракција.
Режисер ќе биде Југ Радивојевиќ и еден американски режисер, а првата промоција на филмот е закажана за 13 јули кога на Власина ќе се собере целокупната актерска екипа од првиот дел: Војин Ќетковиќ, Катарина Радивојевиќ, Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Никола Ѓуричко, Слобода Миќаловиќ…
Музиката ќе ја компонира Ненад Милосављевиќ од култната група Галија кој ја работеше и музиката во првиот дел од “Зона Замфирова”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


