| четврток, 6 декември 2018 |

Демонстранти упаднаа во романското собрание

Дедмонстрантите влегоа во зградата на романскиот парламент, за време на протест против законот за кој сметаат дека ќе ја олесни корупцијата на високо ниво.

Демонстрантите упаднаа во законодавниот дом во придружба на пратеници од опозициската партија „Сојуз за спас на Романија“.

Држејќи транспарент со напис „Гнездо на крадци и мафијаши“ тие ја повикаа романската управа за борба против корупцијата да дојде, додека телевизиските станици во живо го пренесуваа протестот.

Пратениците во понеделникот ги одобрија измените на кривичниот закон кој критичарите го опишаа како чекор назад во процесуирањето на корупцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top